145
Откако Паулињо реши да се врати во Гуангжу Евергранде по само 12 месеци во Барселона, шампионот на Шпанија веднаш доведе нов Бразилец, на Камп Ноу пристигнува Артур.
Барса и Гремио уште во март си подадоа рака за трансферот на играчот, но тогаш планот беше фудбалерот од средниот ред да се пресели во Шпанија во зимскиот преоден рок, односно на почетокот од 2019.
Сепак, шампионот на Шпанија реши уште сега да го донесе Артур, потег за кој ќе се плати еден милион повеќе од она што беше договорено.
За 21 годишниот Бразилец, „Каталонците“ ќе искешираат 31 милион евра, плус уште додатни 9 милиони во најразлични бонуси. Играчот ќе стави потпис на шестгодишен договор и ќе добие откупна клаузула од 400 милиони евра.