Еден Азар објасни зошто никогаш ја немал дисциплината на Кристијано Роналдо

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Челси и Реал Мадрид, Еден Азар вели дека секогаш во прв план ја ставал сопствената среќа и „чашката вино“, па затоа никогаш немал желба да биде голем професионалец како Кристијано Роналдо.

Еден Азар во Челси се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот, но неговата кариера почна да оди во надолна линија по преселбата во Реал Мадрид.

Честите повреди го спречија да игра на највисоко ниво, никако не успеваше да влезе во форма, па летото во 2023 предвреме ја прекина соработката со „кралевите“ и неколку месеци подоцна отиде во пензија со само 32 години.

Често се поставува прашањето каква ќе беше кариерата на Еден Азар доколку тој ја имаше дисциплината на Кристијано Роналдо, но во разговор со Газета дело Спорт, Белгиецот уште еднаш објасни зошто тој живот не бил за него.

„Еднаш Сари ми го посочи Кристијано Роналдо како пример кој треба да го следам за да се искачи на скалило погоре“ – вели Еден Азар

„Но не сакав да го правам тоа, не сакав да претерувам, едноставно сакав да бидам свој, сакав да бидам Азар и на теренот и надвор од него. Доколку пријателите ме поканат на вечера, нема да одбијам. Ако сакам да се напијам некоја чашка пиво или вино, ќе го сторам тоа. Кристијано е Кристијано. Јас сум Азар. Сакав само да бидам свој и да играм фудбал“.

Реал Мадрид во 2019 за него плати околу 150 милиони евра, а тој на подготовките за новата сезона дојде со вишок килограми.

„Нема да се кријам. Кога сум на одмор, тогаш навистина сум на одмор. Во спротивно, никогаш и не би имал одмор. Се здебелив пет килограми“.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×