Џо Харт се збогува со Торино: Горд сум што го носев дресот на овој посебен клуб, секогаш ќе навивам за вас

by
1 минути читање

Заврши едногодишната позајмица на Харт во Торино, тој имаше 36 настапи за овој тим и за кратко време ги освои симпатиите на навивачите. 

„Благодарам Торино, многу сум горд што играв за вашиот посебен клуб. Начинот на кој ме третиравте мене и мојата фамилија е нешто што никогаш нема да го заборавам“ – вели Харт.

„До крајот на животот ќе бидам навивач на Торино. Запознав многу посебни луѓе и ова беше едно од моите најголеми искуства во живтот“.

„Еден ден повторно ќе се вратам да ве видам па довидување за сега, уживајте во прекрасното лето“.

Харт има договор со Манчестер Сити до 2019 но нема да брани за овој клуб наредната сезона. Се уште не се знае каде же ја продолжи кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани