Дресот на Мбапе се продава повеќе отколку на сите други фудбалери на Реал заедно

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Вработените во продавниците на Реал во Мадрид велат дека со години не виделе вакво „лудило“, дресот на Килијан Мбапе се продава повеќе отколку на сите други фудбалери заедно.

„Кралевите“ синоќа го промовираа Килијан Мбапе како новото „галактико“ засилување, Флорентино Перез конечно потпиша со фудбалерот кој го „бркаше“ од 2017 година.

Французинот ги крена на нозе навивачите, кои побрзаа да купат дрес од новата ѕвезда.

Но интересот е толку голем, што ги изненади и луѓето во Реал Мадрид, но и Адидас, доставата за он-лајн нарачките, наместо три работни дена, стана 4 до 6 недели.

Вработените во продавниците на Реал во Мадрид велат дека со години не виделе вакво „лудило“.

„Дресот на Мбапе се продава повеќе отколку на сите други фудбалери заедно! – вели еден вработен.

„Цел ден само диплиме дресови од Мбапе и ги ставаме во ќесички. Со години не сум видел нешто слично, имаме среќа што беа ангажирани нови луѓе да ни помагаат, иначе немаше да постигнеме“.

Се очекува продажбата на дресот на Килијан Мбапе да ги урне рекордите кои претходни ги поставија Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани