Драма во Германија: Фудбалерите на Баерн Минхен и Хофенхајм си додаваа на средината од теренот (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Навивачите на
минхенски Баерн направија скандал во денешното гостување кај Хофенхајм
, па тој меч мораше да биде прекинат дури два пати поради
скандирањата и навредливите содржини кои беа испратени преку транспаренти на
трибинскиот простор каде тие беа сместени.

На десетина
минути пред крајот на пресметката, навивачите на Баерн Минхен истакнаа
транспарент со крајно навредлива порака кон сопственикот на Хофенхајм, Дитмар
Хоп, еден од најмоќните луѓе во Германија, нарекувајќи го „ку*кин син“.

Потегот на
гостинските навивачи не само што донесе револт кај домашните, туку и кај
фудбалерите и управата на гостинскиот табор.

Тренерот на
германскиот првак, Ханси Флик, како и спортскиот директор на клубот, Хасан
Салихамиџиќ, а потоа и Оливер Кан, па дури и Карл Хајнц Румениге, сите тие се
обидоа да издејствуваат во оваа ситуација, а посебно револтиран беше Флик,
гестикулирајќи налутено со рацете кон навивачите.

Мечот инаку беше
дури два пати прекинуван, а поради тоа што постоеше крајна одлука да се доигра,
играчите на теренот одбија тоа да го сторат, а во последните десет минути од
мечот само си додаваа на средината од теренот, чекајќи истиот да заврши.

По крајот, самиот
Дитмар Хоп се симна долу на теренот и доби поддршка од сите, а тој самиот им се
заблагодари на истата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани