Дортмунд со парите од Пулишиќ и дополнителни 10 милиони евра донесе три засилувања во два дена!

by
2 минути читање

Борусија Дортмунд направи одличен бизнис. Кристијан Пулишиќ
го продаде на Челси за 66 милиони евра, а со овие пари, не само што донесе
замена за репрезентативецот од САД, засили и неколку позиции во тимот.

Синоќа беше соопштен трансферот на Нико Шулц од Хофенхајм.
Левиот бек пристигнува на „Сигнал Идуна Парк“ за 25 милиони евра. Утрово беше
потврден и трансферот на Торган Азар, кој пристигнува од Борусија Менхенгладбах
за почетна сума од 25,5 милиони евра и уште неколку милиони во бонуси.

Попладнево беше презентиран и Јулијан Бранд од Баер
Леверкузен. Перспективниот Германец имаше откупна клаузула од 25 милиони евра,
и токму оваа сума ја плати Борусија Дортмунд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани