226
Натпреварот од првото коло на Светското клупско првенство меѓу Флуминенсе и Борусија Дортмунд заврши без голови, 0-0.
Борусија Дортмунд влезе како благ фаворит во овој дуел, но фудбалерите на Флуминенсе изгледаа мотивирано и не дозволија да примат гол.
Одлична партија имаше искусниот Тиаго Силва кој и на 40 години е беспрекорен лидер во одбраната, тој е и капитен на бразилскиот тим.
Деби за Дортмунд имаше Џоб Белингем, но не успеа да направи нешто посебно и да донесе радост на неговиот нов тим.
Фото: X/Fluminense F.C.