Додека се чекаат официјалните информации за несреќата, се огласи редовниот пилот на хеликоптерот

by
1 минути читање

Синоќа некој час по мечот меѓу Лестер и Вест Хем се урна хеликоптерот на сопственикот на домашниот тим, Вишаи Шривадхапрабха. Тој редовно од стадионот си заминува со леталото, така било и овој пат.

Но иако помина многу време од несреќата се уште нема официјални информации за тоа кои се биле во хеликоптерот и дали има преживеани.

Во меѓувреме се огласи редовниот пилот на хеликоптерот кој овој пат не бил на должност.

„За сите кои се прашуваа, јас не летав минатата ноќ. Мислите ми се со оние кои беа таму“, напиша на твитер пилотот Филип Амадеус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани