Добра вест за Жирона: Повредата за Миовски е минато!

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски ќе биде подготвен да и помогне на Жирона во утрешниот нтпревар кој овој тим ќе го игра против Алавес.

Стратегот на Жирона, Мичел потврди дека Миовски одработил нормален тренинг и ќе може да настапи.

„Бојан е фит. Тренираше со екипата и ќе биде во комбинација да настапи“, изјави Мичел.

Поради повредата која ја заработи во настапот за македонската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, Миовски го пропушти натпреварот од минатото коло против Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани