65
Димитриевски конечно дебитираше за Рајо Ваљекано, тој доби шанса во куп натпреварот против Леганес кој заврши 2-2.
Нашиот голман е задоволен од својот перформанс и вели дека напорно работи на тренинзите за да му докаже на тренерот дека заслужува да биде прв голман на тимот.
„Многу сум среќен поради дебито за Рајо. Одигравме многу добар натпревар и имаме добар резултат. Добро се чувствував на теренот. Работам напорно секој ден за да напредувам и да го уверам тренерот дека можам да бидам прв голман“, изјави Димитриевски по дебито.