Димитриевски подобар од Барди во македонското дерби во Примера

by
1 минути читање

За прв пат двајца македонски репрезентативци играа еден против друг во Примера, Столе Димитриевски бранеше за Рајо Ваљекано, а Барди беше стартер за Леванте.

Димитриевски имаше неколку одлични интервенции во текот на мечот и беше можеби најзаслужен за победата на Рајо, Барди не беше на највисоко ниво, играше до 78. минута кога беше заменет.

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Тоњо ја затресе сопствената мрежа за водство на Рајо Ваљекано од 1-0.

По 15. минути игра во второто полувреме Рочина успеа да го изедначи резултатот, но само седум минути подоцна Де Томас го врати водството на Рајо, 2-1 беше конечниот резултат.

Рајо Ваљекано останува во зоната за испаѓање, но сега е поблиску до излез од последните три, Леванте е на десетото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани