Диего Коста зборува за заминување на Куртоа и Азар во Шпанија

by
1 минути читање

Диего Коста даде интервју за шпанската радио станица, Копе, зборуваше за себе, Куртоа и Азар кои повремено се поврзуваат со трансфер во Шпанија.

„Во Атлетико ми беше одлично, но оваа година и тука ми е многу добро… многу се зборуваше за мое заминување во Кина, но гледате, тука сум“ – вели Диего Коста.

„Знаеме дека Куртоа ја сака Шпанија, неговата фамилија живее таму, тој е одличен голман и на Реал Мадрид му требаат такви луѓе“.

„Лошо би било за Челси доколку Реал Мадрид потпише со Азар и Куртоа. Еден е најдобриот. Барселона и Реал Мадрид го следат, ако тим како нив тропне на твојата врата, треба да размислиш за тоа. Нормално е да го сакаат таквите клубови, но се надевам дека ќе остане“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани