Пауло Дибала
извесен период се поврзува со трансфер во Баерн Минхен, но, тој вели дека и
покрај тие шпекулации, тој не ни размислува на таа тема, ниту пак посакува
трансфер во таа екипа, додавајќи дека е среќен во редовите на италијанскиот
првак.
„Не ни
размислувам на таа тема, ниту евентуален трансфер во таа екипа. Среќен сум што
играм во Јувентус, имаме високи цели и фокусирани сме да ги реализираме истите“
рече Аргентинецот во изјавата за Calciomercato додавајќи дека титулата од Лигата на шампиони
останува цел на Јувентус и оваа сезона.
„Мислев дека
ланската сезона сме близу до остварување на таа цел, но сега, очекувањата
нараснаа мошне брзо, нашите желби останаа исти и оваа сезона, сакаме да освоиме
се што е можно да се освои“ заклучи Дибала.