231
Горан Пандев
продолжува во Серија А и Џенова. Како што пренесува Ди Марцио, Македонецот го
обновил договорот и ќе остане на „Луиџи Ферарис“ уште 12 месеци.
Новинарот кој е прилично упатен во случувањата во Калчото вели дека Горан Пандев се чувствува добро и сака да
продолжи да игра, а Џенова верува дека напаѓачот се уште може да им биде од голема
корист, особено како пример за другите во соблекувалната, па двете страни
пронашле заеднички јазик за продолжување на соработката.
Во следните
денови Горан Пандев треба да стави потпис на документите и брзо потоа да пристигне официјална потврда за неговата петта сезона во Џенова.