Секоја чест на сите останати, ама денешната програма во Лигата на шампионите ќе понуди едно големо дерби кое ги засенува останатите.
Секако, станува збор за мадридското дерби меѓу Атлетико и Реал кое се игра на „Ванда Метрополитано“. На овој меч „кралевите“ допатуваа со гол предност, ама сè е далеку од решено во дуелот на големите ривали. Има Атлетико свои математики, а негативата од еден гол не е убедлива. Вреди да се истакне дека традицијата е во целост на страната на Реал, особено во „неговото“ натпреварување.
Денот го отвораат Лил и Борусија Дортмунд кои во Франција допатуваа со егал (1-1) од првиот меч. Астон Вила има два гола предност против Клуб Бриж (3-1), а само формалност ќе биде натпреварот на „Емирати“ меѓу Арсенал и ПСВ бидејќи мечот во Холандија заврши 1-7.
- Денешни натпревари во ЛШ:
18:45
Лил – Борусија Дортмунд
21:00
Арсенал – ПСВ
Астон Вила – Клуб Бриж
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид