Денеска во ЛШ: ПСЖ брка пресврт во Англија, Барселона, Баерн и Интер треба да го потврдат четвртфиналето

by 24 фудбал
1 минути читање

Продолжуваат возбудувањата во елитното европско натпреварување Лигата на шампионите. Денеска на програмата се првите реванш натпревари од осминафиналната фаза.

Денот ќе го отворат Барселона и Бенфика, кои во Каталонија ќе се судрат во 18:45 часот. Домаќинот има гол предност од првиот меч и високи амбиции во натпреварувањето, ама треба да го преживее португалскиот ривал. Потврда на своето место во четвртфиналето ќе побараат Баерн Минхен и Интер. Баварците гостуваат кај германскиот првак Баер Леверкузен со водство од 3-0 и со една нога се пласирани. Од друга страна, Интер има два гола предност пред реваншот со Феенорд на „Џузепе Меаца“.

Највозбудливо се очекува да биде на „Енфилд“ каде што Ливерпул ќе го дочека ПСЖ. Првиот меч им припадна на „црвените“ кои славеа со единствениот гол на Харви Елиот, иако одиграа бледо и повлечено, а ривалот доминираше во сите сегменти. Се очекува уште едно надмудрување на Арне Слот и Луис Енрике и уште поофанзивни парижани за да ја вратат негативата.

  • Натпревари денес во Лигата на шампионите:

18:45
Барселона – Бенфика
21:00
Баер Леверкузен – Баерн Минхен
Интер – Феенорд
Ливерпул – ПСЖ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани