Вечерва продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите со преостанатите два четвртфинални натпревари.
Откако вчера Баерн Минхен славеше со 1-2 кај Реал Мадрид и Арсенал минимално беше подобар од Спортинг со 0-1, следуваат два дерби дуели.
Во шпанската пресметка, Барселона го пречекува Атлетико Мадрид, во дуел во кој каталонците ќе ја наметнат својата препознатлива игра со посед, додека тимот на Диего Симеоне ќе се потпре на цврста одбрана и контранапади. Оваа сезона веќе се сретнаа четири пати, при што Барселона има три победи, а Атлетико една.
Во Париз, европскиот првак ќе го дочека англискиот. ПСЖ е домаќин на Ливерпул во натпревар во кој домаќинот важи за благ фаворит, но англискиот тим никогаш не смее да се отпише, особено ако ја добие битката на средината од теренот.
Двата натпревари се играат во терминот од 21:00 часот.