Во денешните натпревари од 18:45 часот во Лигата на шампионите видовме две изненадувања, поголемото го приреди Клуб Бриж кој го декласираше Монако со 4-1, додека Леверкузен се спаси од пораз против Копенхаген и одигра 2-2.
Натпреварот во Белгија беше решен уште во првото полувреме во кое домаќините постигнаа три гола. Прв мрежата ја погоди Тресолиди во 32. минута, седум минути подоцна Ониедик зголеми на 2-0 за во финишот од средбата Ванакаен да стрела за 3-0.
Интересно е што пред да започне дебаклот, клубот од Кнежеството не реализираше пенал при резултат 0-0.
Во второто полувреме Клуб Бриж продолжи да биде подобриот тим на теренот и создаде уште некоја прилика, реалзираше само уште една преку Диакон на 15-тина минути пред крајот. Монако преку Ансу Фати пред крајот успеа преку Фати да постигне само утешен гол.
На вториот натпревар во истиот термин дански Копенхаген преку Ларсон дојде до водство по девет минути игра и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
За втор гол се чекаше до 82. минута кога Грималдо израмни, а Роберт постигна гол за ново водство на домаќините. Поразот бундеслигашот го избегна со погодокот со автоголот на Хаџидиакос во првата минута од судиското продолжение.
Фото: Club Brugge K.V.