Де Лихт проговори за својата иднина: Би било убаво да играм во ист клуб со Де Јонг, но…

by
2 минути читање

Капитенот на
Ајакс е желба на неколку клубови но се верува дека Барселона е во пол позиција
за неговиот потпис.

„Каталонците“
сепак не можат да најдат заеднички јазик со Мино Рајола за висината на
провизијата која треба да ја „лапне“ контроверзниот агент па ова им остава
простор на другите гиганти да го ангажираат Холанѓанецот.

Матајс де Лихт сега
проговори за својата иднина, потврди дека има желба да игра во ист клуб со
Френки де Јонг, но не знае дали и тој ќе заврши на Камп Ноу.

„Де Јонг имаше
одлична сезона и заслужува да потпише за Барселона“
– вели Де Лихт. „Дали и јас
ќе играм во Барса со него? Би било убаво да играм со Френки во ист клуб, но во
моментов не знам што ќе се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани