Кевин Де Брујне
се врати на терените по повредата која го оддалечи подолг период, Белгиецот
делува подготвен, но, се чини не за 90 минути на еден меч, тој верува дека
ривалите во Европа се плашат од Манчестер Сити оваа сезона во Лигата на
шампионите.
„Мислам дека тие
(останатите клубови) се плашат од нас, ние загубивме од Лион а потоа ни беше
потребно брзо да се вратиме и рехабилитираме од тој пораз, сега сме први во
групата, претстојат уште три натпревари а ние ќе работиме за да ги оствариме
нашите зацртани цели“ издвои Де Брујне.
„Ние се трудиме
да го добиеме секој натпревар и да видиме каде тоа ќе не одведе, но, постојат
околу десетина екипи кои би можеле да го подигнат пехарот во Лигата на
шампионите сезонава“ заклучи Белгиецот.