Де Брујне: На Ливерпул треба да им се аплаудира за тоа што го сторија

by
2 минути читање

На ѕвездата на
Манчестер Сити, Кевин Де Брујне воопшто не му пречи да биде искрен во однос на
тоа каква сезона има Ливерпул во „Премиерлигата“ зад себе, а Белгиецот е
дотолку искрен што вели дека „Редсите“ заслужуваат аплауз поради тоа што го
сторија досега сезонава.

Со оглед на
моменталната ситуација, Де Брујне е свесен дека Манчестер Сити нема да ја
одбрани титулата на Островот, а верува дека грешките кои ги направиле „Граѓаните“
беа кобни по нивната сезона.

Ние имаме добри
перформанси, но загубивме многу бодови, сево ова наликува како на првата сезона
со Пеп каде игравме убав фудбал но правевме многу грешки
“ вели Де Брујне.

Постојат
натпревари на кои се надевате дека ја имате целосната контрола, а потоа во
последните 5 или 10 минути ние практично се откажуваме, а во овој период
Ливерпул не се откажува од ниту еден бод, секој бод кој ќе го загубите значи
многу, сметам дека и во случај да бевме подобри, Ливерпул на начинот на кој
играше досега сезонава, победувајќи на толку многу натпревари, тие заслужуваат
да ја подигнат титулата и да бидат шампиони
“ додава Белгиецот.

Мислам дека не
треба да постои фрустрација околу Ливерпул, треба само да им се аплаудира за
тоа што го сторија, сево ова е истото што ние го сторивме претходните две
години, доколку имате толку многу бодови, како и победи, не постои противник
кој може да го спречи сето тоа, јас сум сигурен дека тие ја имаат сега
ситуацијата под контрола, а веќе го потврдуваат тоа
“ заклучи Белгиецот.

Ливерпул во
моментов по 27 одиграни меча има дури 22 бода предност во однос на Манчестер Сити
кој речиси и да се помири со фактот што „Редсите“ по цели 30 години повторно ќе
го подигнат трофејот во најсилниот фудбалски шампионат на Островот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани