Двајцата фудбалери ризикуваат да добијат свирежи од навивачитена Ливерпул, особено Луис Суарез кој покажа непочитување кон неговиот поранешен клуб откако се радуваше при постигнувањето на голот на Камп Ноу. Дополнително Уругваецот во текот на мечот имаше бурни расправии со играчите на англискиот тим.
Кутињо наместо да остане во Ливерпул и да стане легенда, тој одлучи да се пресели во Барселона каде е само еден од сите. Тој имаше доставено барање за трансфер, а тоа не им се допадна на навивачите на Ливерпул во тој период.
Двајцата денеска се сликаа со грбот на Ливерпул на Енфилд, можеби со намера да им се умилкуваат на фановите на нивниот поранешен тим.
Останува да видиме каков пречек ќе имаат од Енфилд, дали со аплауз или со свирежи.