Тренерот на Тотнем, Игор Тудор, се најде под силен притисок поради раната измена на голманот Антонин Кински на натпреварот против Атлетико Мадрид. Лондонскиот тим прими три гола за само 15 минути, од кои два дојдоа по грешка на младиот голман.
Веднаш по третиот погодок капитенот Кристијан Ромеро имаше краток разговор со својот тренер. По таа комуникација Тудор се сврте кон клупата и со гестикулација побара измена.
Според дел од јавноста смета дека токму Ромеро му сугерирал на тренерот дека Кински е психолошки разнишан по двете големи грешки и дека треба да биде заменет. Сепак, дефанзивецот беше и првиот кој му пријде на младиот голман за да му даде поддршка.
На прес-конференцијата по натпреварот Тудор беше директно прашан дали одлуката за измената е негова или на Ромеро. Хрватскиот стратег нагласи дека самиот ја донел одлуката, иако дел од навивачите и аналитичарите се сомневаат во тоа.
Romero told Igor Tudor to take Kinsky off 😭😭 pic.twitter.com/C5kP9rWv1n
— Footy Humour (@FootyHumour) March 10, 2026