Дали е ова највисоката „маскота“ во фудбалот? Питер Крауч мораше да исплати долг и стана хит (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Питер Крауч повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради фудбалски потег, туку поради казна од неговата фантази лига. Поранешниот англиски напаѓач мораше да ја исполни „обврската“ откако минатата сезона заврши последен во друштвото со пријателите.

Казната беше навистина необична, Крауч требаше да излезе како маскота и да ја предводи екипата на аматерскиот клуб Фарнам Таун.

Легендата на Ливерпул и Тотенхем со насмевка ја прифати ситуацијата и предизвика голема доза смеа кај присутните навивачи.Видеото од настанот веднаш се прошири на социјалните мрежи и стана вистински хит, а Крауч уште еднаш покажа дека има одлична смисла за хумор и дека знае како да ја забавува публиката, дури и кога не е на теренот како фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×