Откако потпиша за
„светците“ за рекордни 222 милиони евра, медиумите често пишуваа за тоа дека
Нејмар има привилегии како што нема ниту еден друг фудбалер на ПСЖ.
Дека Нејмар е
голема ѕвезда и може да прави што сака потврдуваат и денешните случувања во
редовите на шампионот на Франција. ПСЖ го одработи последниот тренинг оваа
сезона, а напаѓачот реши да не се појави и покрај тоа што не бил ослободен од
страна на Томас Тухел .
Како што
пренесуваат медиумите, тренерот на средбата со новинарите бил прилично лут
поради ваквиот потег и само кратко порачал: „Дозола од мене не добил, можеби од
некој друг“.
„Ла Паризиен“ подоцна
пренесе дека Нејмар летнал за родниот Бразил, каде следната недела треба да се
приклучи на кампот на „кариоките“ и подготовките за Копа Америка.
Напаѓачот можеби
и онака не е во комбинација за утрешниот дуел со Ремс во Лиг 1 и нема што
повеќе да бара во Париз оваа сеона, но со тоа што го заобиколил Томас Тухел
очигледно сака да покаже кој е газда во ПСЖ во лето во кое сигурно ќе има многу
шпекулации за неговата иднина.