Цуцули бил на прагот до трансфер во Беневенто, но…

by
1 минути читање

Беневенто е екипата која
речиси и да нема дилеми дека кратко ќе и трае авантурата во Серија А, поточно
во најсилниот фудбалски шампионат на Италија каде со седум бода од 23
натпревари е закован на дното.

Интересно, оваа екипа
имала во план да го ангажира нашиот 30 годишен привремен репрезентативец, а
воедно и член на македонскиот вицепрвак Шкендија, дефанзивецот Адриан Цуцули.

Малку звучи за
неверување, но италијанскиот клуб немал претстава дека го има пополнето бројот
на дозволени фудбалери кои доаѓаат вон ЕУ зоната, или мислеле дека нашиот
фудбалер има европски пасош.

Токму тоа се наведува
како причина за пропаднатиот трансфер на Цуцули во Беневенто.

Инаку,
Цуцули има важечки договор со тетовските црвено-црни кои се во пол-позиција
сезонава за освојување на македонскиот шампионат, очигледно дека на Шкендија и
било задоволено некое обештетување за својот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани