Црвена звезда му подготвува нов договор на Ѓуровски?

by
1 минути читање

Белградска Црвена звезда бележи сезона зад себе без ниту еден освоен трофеј, за тоа се погрижи
нивниот најголем ривал, тимот на Партизан, кој освен во првенството, го освои
трофејот и во Купот на Србија.

Српски „Журнал“
со насловот „Се помалку дилеми околу тренерот на Звезда
: За Ѓуровски договор до 2019. година“ пренесува
дека нема да има никакви дилеми околу тренерското место за следната сезона во
белградскиот тим.

Ѓуровски
фигурираше како привремено решение за Црвена звезда откако тимот остана без
тренер, нашиот тренер одлично ја предводеше екипата во тешките моменти и според
информациите кои пристигаат, управата на клубот смета дека треба да добие
шанса.

Наводно Ѓуровски
би добил двегодишен договор, во случај на добри резултати би останал на клупата
на Црвена звезда до 2019. година.

Ѓуровски по втор
пат го води српскиот тим од клупата откако претходно во 2007. година освои
двојна титула, и во таа прилика седна на тренерското место во Црвена звезда
како привремено решение.

Извор: Журнал

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани