Член на управниот одбор на Сити: Пеп во Јувентус? Тоа е лага!

by
2 минути читање

Од Манчестер Сити
демантираат било каква можност Пеп Гвардиола да си замине од англискиот првак и
да се приклучи на Јувентус ова лето, нешто што одредени медиуми на големо го
најавуваат, особено оние во Италија.

Една од водечките
новински агенции во Италија, „Џорналистика Италија“ објави дека Гвардиола на 4
јуни официјално би го презел кормилото на Старата дама, а ќе биде презентиран
пред медиумите десет дена потоа.

Сепак, Алберто
Галаси, член на управниот одбор на Манчестер Сити, во изјава за „Скај Спорт
Италија“ ги демантираше шпекулациите, велејќи дека како претставник на таа
позиција во клубот е изненаден од тоа што го прочитал низ медиумите, додавајќи
дека тоа е лага.

Тој е наш
тренер, тој сака да остане тука. Тој не може да разбере колку неговиот збор не
е доволно слушнат, сево ова е лага
“ вели тој.

Првото нешто што
секој сериозен клуб го прави во вакви случаи е секако да го контактира другиот
клуб, незамисливо е Сити несвесно да знае за некаква си негова презентација во
неколку денови
“ додаде Галаси.

Приказната е
тотално без никаква основа, не знаеме зошто некој клуб би требало да
интервенира за да увери дека Гвардиола не сака да си замине од Манчестер Сити,
ова прашање не ни постои во моментов
“ заклучи Галаси кој категорично посочи
дека за иднината на Гвардиола во Сити не се ни дискутира во клубот, тврдејќи
дека не ни постои такво прашање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани