Селекцијата на
Чиле обезбеди минимална победа од 1-0 во контролката што синоќа се одигра во
Грац, Австрија, а на таа средба единствениот гол го постигна Гиљермо Марипан на
две минути пред истекот на регуларните 90 минути игра.
Сепак, можеше
селекцијата од Јужна Америка да слави поубедлива победа доколку реализираше
неколку изгледни прилики за гол, една од тие е секако онаа на Анхел Енрикез,
тој промаши чиста ситуација, небранет од никого, го промашни празниот гол на
само два метри од него…
Чилеанците беа
големо разочарување во Јужноамериканските квалификации и не обезбедија место на
Мундијалот во Русија, за Србија пак, ова беше тест пред нивното учество на
големото натпреварување каде се во група со Бразил, Швајцарија и Костарика со
која го отвораат Мундијалот, но, претходно ќе одиграат уште една контролка, со
Боливија.