Чудно е како ВАР не реагираше, првото коло од Ла Лига донесе скандалозен пенал (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Севиља синоќа славеше со 2-1 против Рајо Ваљекано во првото коло, но тема по дуелот е еден од пеналите кои ги доби домашниот состав.

Андалузискиот тим до трите бода стигна со два гола од пенал, а вториот удар од белата точка предизвика жестоки реакции во Шпанија. Ситуацијата е крајно спорна, бидејќи тешко може да се забележи јасен контакт меѓу дефанзивецот на Рајо, Лејун и фудбалерот на Севиља, Роби Уре.

И покрај сомнителната одлука на главниот судија да покаже на белата точка, уште поголемо внимание привлече фактот што ВАР-собата воопшто не интервенираше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×