Челси наоѓа глупави изговори за да не му плати на Конте 23 милиони евра

by
2 минути читање

Италијанецот го
даде Челси на суд откако изминатово лето доби отказ. Според „Газета дело Спорт,“
Антонио Конте бара обесштетување од 13 милиони евра поради тоа што бил разрешен
пред да му истече договорот, како и 5 до 10 милиони евра оштета за тоа што му
бил нарушен имиџот.

Весникот
пренесува дека „Сините“ во два наврати побарале средба за да се договорат
вонсудски, но Антонио Конте и неговите адвокати не се појавиле, па не е познато
колку бил подготвен да плати Роман Абрамович за да се спогоди.

Клубот од
Стемфорд Бриџ се надеваше дека ќе може да го оспори барањето на Антонио Конте
со тоа што ќе го обвини дека останале покуси за десетици милиони евра поради
тоа што стратегот по смс порака го известил Диего Коста дека може да си бара
нов клуб.

Но адвокатите на
Антонио Конте образложиле дека Челси направил профит од продажбата на Шпанецот
на Атлетико Мадрид.

„Сините“ како
план Б имаат неколку глупави изговори како тоа дека Антонио Конте доцнел на
средбите со медиумите, не се појавувал на обврските со спонзорите а веројатно врв е
третата причина, односно тоа што Италијанецот не го паркирал својот автомобил
на паркинг местото кое му било доделно.

Двете страни
веројатно брзо ќе пронајдеа заеднички јазик доколку Реал Мадрид и Антонио Конте
се договореа Италијанецот да го наследи Хулен Лопетеги на Сантијаго Бернабеу, но сега се очекува
процесот да заврши дури во 2019.

„Газета дело Спорт“ исто така додава дека стратегот не брза да му се врати на
фудбалот и сака да го наследи Жозе Мурињо на кормилото на Манчестер јунајтед,

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани