Челси ќе си подаде рака со Милан за Игуаин и Мората

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Челси и Милан се близу
постигнување на договор за трампа на Алваро Мората со Гонзало Игуаин, веднаш
штом се отвори трансфер периодот во јануари.

Обата напаѓачи
кои се наведени играат во топло-ладно форма, Мората не ги почна првите три
натпревари за Челси во Премиерлигата, а Игуаин нема постигнато погодок дури од
октомври.

Сепак, Спорт
Медиасет пишува дека Премиерлигашот и Калчолигашот ги договараат финалните
детали од преговорите за трампата која сега се наведува дека е реална за да се
оствари уште во јануарскиот преоден рок, а наводно остануваат уште само некои
детали од преговорите.

Технички, Игуаин
е се уште на позајмица од Јувентус, па така ќе се чека и одобрение од шампионот
на Италија, но, очекувањата се дека натпреварите против Фросиноне и СПАЛ ќе
бидат последните за Аргентинецот во Италија.

Веројатно
најреалната опција која се очекува да се реализира е тоа да биде прекината
позајмицата на Игуаин со Милан и со истиот статус да се пресели на Стемфорд
Бриџ, со опција, на лето и целосно да стане фудбалер на Челси, а од друга
страна пак, Мората да отиде во спротивниот правец на позајмица од 18 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани