Челси го договори Алонсо до 2023, следен е Рудигер

by
1 минути читање

Маркос Алонсо
стави потпис на нов договор со Челси со кој има обврска да му биде верен на
Премиерлигашот до 2023. година, тој на Стемфорд Бриџ е од 2016. година, а
неговите добри игри во дресот на тимот од Лондон му донесоеа и важна улога во
сениорскиот состав на Шпанија.

Среќен сум што
ќе останам овде подолго и ќе продолжам да играм за една од најдобрите екипи во
светот, изминатите две сезони беа добри, ќе се трудам да оставам уште подобар
впечаток во иднина
“ беше изјава на Алонсо.

А благодарение на
импресивниот старт на новата сезона од страна на Антонио Рудигер, Челси сега
подготвува и продолжување на соработката и со овој дефанзивец.

Според пишувањата
на Островот, Челси ќе му понуди на дефанзивецот зголемување на неговата плата,
со која во моментов заработува 100,000 фунти неделно.

Актуелниот
важечки договор на Рудигер со Челси важи до 2022. година, но Челси сака да
избегне било какви проблеми, такви веќе имаа во случаите со Тибо Куртоа кој си
замина во Реал Мадрид, како и во моментов со Еден Азар, за кого се шпекулира
дека би можел во ист правец како и неговиот сонародник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани