Челси игра
одлично оваа сезона во Премиерлигата, избраниците на Антонио Конте сигурно
чекорат кон титулата.
За разлика од нив, Манчестер јунајтед предводен од Жозе Мурињо се мачи и
„Црвените Ѓаволи“ во моментов се на шестата позиција на табелата, и покрај тоа
што немаат пораз од октомври, кога доживеаја дебакал од 4-0 на гостувањето на
Стемфорд Бриџ
Челси и Манчестер
јунајтед одново ќе ги одмерат силите во понеделник во ФА Купот, па „Сините“ решија да
го истролаат ривалот во најавата на средбата.
„Нашиот противник
ужива во долга серија без пораз која трае од октомври” – пишува во најавата на Челси.
„Тоа им помогна од
шестото место да скокнат дури до шестото место. Последниот пораз, секако, го
доживеаја на Стемфорд Бриџ”.
„Водечниот гол на
Педро по 29,6 секунди во победата од 4-0 останува најбрзиот гол оваа сезона”.