58
37-годишниот Петр Чех денеска бил на Стемфорд Бриџ каде наскоро ќе биде назначен за нов технички директор.
По четири години поминати во Арсенал, Чех стави крај на играчката кариера и се врати во Челси со кој за 11 години освои 13 големи трофеј вклучувајќи четири од Премиерлигата и една во Лигата на шампионите.
Тој на Стемфорд Бриџ ќе го замени Мишел Еменало кој ја напушти улогата на технички директор во Челси во ноември 2017 година и се пресели во Монако.
Една од првите задачи на Чех ќе биде да го советува клубот за назначување на наследникот на Маурицио Сари. Големи се шансите и Чех да се сложи за назначување на Френк Лампард.