Чаби Алонсо со извонреден пост на социјалните мрежи најави крај на кариерата (ФОТО)

by
3 минути читање

Уште еден играч
на „Баварците“ по крајот на сезоната оди во поензија. Откако минатиот месец
Филип Лам се збогува со фудбалот, истото сега го стори и Чаби Алонсо.

Шпанецот со
извонреден пост на социјалните мрежи најави крај на богатата и успешна кариера.

„Го живеев, го
сакав. Збогум прекрасна игро
– напиша фудбалерот од средниот ред Твитер.

Потоа се огласи и
Баерн Минхен со кратко соопштение: „Алонсо летоска оди во пензија
.

„Одлуката не беше
лесна, но мислам дека ова е прав момент
– вели играчот во разговор за официјалната веб страна на
„Баварците“.

„Секогаш планирав
да ја завршам кариерата порано наместо многу подоцна
.

„Се уште се
чуствувам добро, но мислам дека ова е прав момент. Сакам да ја завршам
кариерата на највиско ниво и Баерн е токму тоа. Среќен сум и горд што го носев
дресот на Баерн и бев дел од ова семејство
.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани