Букајо Сака стави потпис на нов долгорочен договор со Арсенал и стана најплатениот фудбалер во историјата на лондонскиот клуб.
Англискиот репрезентативец се обврза на верност во клучните години од кариерата, а според новиот договор ќе заработува 343 илјади евра неделно, односно околу 18 милиони евра годишно. Англиските медиуми уште во јануари најавија дека 24 годишниот офанзивец договорил нов петгодишен договор.
Амбициите на клубот под водство на Микел Артета биле пресудни во одлуката на Сака да остане на „Емирати“. Во наредниот период се очекуваат разговори и за продолжување на соработката со Јуриен Тимбер и Деклан Рајс.
Минатото лето нови договори потпишаа и Вилијам Салиба, Габриел Магалјаеш, како и младите таленти Итан Нванери и Мајлс Луис Скелли, со што спортскиот директор Андреа Берта ја потврди стратегијата за задржување на носителите на тимот.