62
Италијанецот во
петокот ги помина редовните лекарски прегледи и и стави потпис на едногодишен
договор со „Светците“ и опција за додатни 12 месеци. Утрово тој веќе го одработи првиот тренинг, а
попладнево беше промовиран како ново засилување.
На средбата со
новинарите, Џиџи Буфон имаше мал лапсус со кој добро ги насмеа сите присутни во
салата.
„Веќе тренирав со
децата, се извинувам, со младите играчи“ – рече голманот, кој на стартот зборуваше
на француски. „Убаво беше да започнам да комуницирам,. Ова се убави спомени. За
еден месец ќе имам поголема самодоверба“.
Со 40 години,
поранешната легенда на Јувентус може да им биде татко на некој од младинците на
ПСЖ.