Буфон добива специјална клаузула во договорот, Јувентус ќе му гарантира минимум осум меча за да падне рекордот на Малдини

by
1 минути читање

По 17 години поминати
во Торино, сите очекуваа Џиџи Буфон минатото лето да стави крај на кариерата, но наместо да ги обеси ракавиците на ѕид, голманот прифати уште една авантура и потпиша за ПСЖ.

Неговиот престој
во Париз траеше кратко и тој си замина по само 12 месеци. Ветеранот сепак се
уште не размислува за пензија и се реши за нов предизвик и враќање во Јувентус каде треба да настапува една сезона и потоа да стане директор.

Последните
информации кои пристигнуваат од „чизмата“ велат дека се испеглани сите детали за
Џиџи Буфон повторно да го облече дресот на „Старата дама“.

Легендата ќе добие
плата од 1,5 милиони евра и специјална клаузула. Како што пишува Ла
Република, на голманот ќе му бидат гарантирани минимум осум натпревари во
Серија А за тој да го собори рекордот на Малдини од 647 настапи во најсилното
првенство на Италија.

Маурицио Сари
исто така ќе мора да му даде шанса на Џиџи Буфон барем на два натпревари во Лигата на
шампионите, па голманот ќе има загарантирани 10 меча следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани