Брера слави кај Арсими и скокна над опасната зона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Брера Струмица освои значајни три бода на тешкото гостување кај Арсими, откако славеше со 0-2 во натпревар од борбата за опстанок во ПМФЛ.

Струмичани поведоа во 23. минута кога Петровиќ се проби по левата страна и со рутински удар го совлада Иљази за предност на гостите. До крајот на полувремето Брера умешно ја чуваше позитивата, додека домаќините тешко создаваа посериозна закана.

Во вториот дел Арсими заигра многу поофанзивно и во финишот притисокот беше сѐ посилен. Кога домашните целосно се отворија во обид да стигнат до израмнување, следуваше казна. Брера тргна во брза контра, а Стојанов со прецизен удар ги постави конечните 0-2 и го потврди големиот триумф на струмичкиот состав.

Со оваа победа Брера освои злато вредни бодови во трката за опстанок, додека Арсими со втор пораз во пролетниот дел дополнително ја комплицира својата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×