Манчестер сити по три одиграни кола во Премиер лигата остана само на една победа, денеска „граѓаните“ беа поразени од Брајтон со 2-1.
„Граѓаните“ повторно паднаа на истото место каде што и минатата сезона беа поразени со идентичен развој на настаните. Тогаш, исто како и денеска, стрелец за Сити беше Ерлинг Халанд, но тоа не беше доволно за бодови.
Норвежанецот во 32. минута го отвори резултатот по додавање од Мармуш и му даде предност на фаворитот. Сепак, предноста траеше до 67. минута, кога искусниот Џејмс Милнер сигурно реализираше пенал и донесе израмнување.
Од тој момент натаму Брајтон заигра со многу повеќе енергија и во самиот финиш, во 89. минута, Груда стана херој на домашните со гол за конечни 2-1. За „галебите“ ова беше прва победа сезонава, по ремито со Фулам и поразот од Евертон.
Во вториот натпревар натпревар што се одигра во истиот термин, Вест Хем конечно ја запиша првата сезонска победа, совладувајќи го Нотингем Форест со убедливи 0-3. „Чеканите“ триумфот го осигураа во последните минути преку Боувен, Пакета и Вилсон, откако претходно беа поразени од Сандерленд и Челси.