Брајтон одолеа на милионите од Саудиска Арабија, ја одби и втората понуда на Ал Наср

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Брајтон ја одбил и втората понуда на Ал Наср за Каору Митома, популарните „галеби“ кажале НЕ на предлог вреден 95 милиони евра.

Ал Наср загриза сериозно за ангажман на Каору Митома од Брајтон, по првиот неуспешен обид, испрати втор богат предлог.

Но како што пренесува Фабрицио Романо, популарните „галеби“ одолеале на милионите од Саудиска Арабија.

Брајтон решил по секоја цена да го задржи Каору Митома па кажал НЕ на предлог тежок 95 милиони евра.

Една ваква зделка ќе беше помеѓу топ 10 продажби во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани