Според пишувањата на Телеграф, Брајтон ќе бара над 100 милиони фунти за продажба на Карлос Балеба, сума која Манчестер јунајтед во моментов не е подготвен да ја плати.
Рубен Аморим го идентификуваше Карлос Балеба како идеално засилување за средниот ред и стратегот денеска уште еднаш им објаснил на директорите што ќе донесе еден ваков трансфер.
Како што пишува Телегреф, Брајтон ќе бара над 100 милиони фунти за продажба, сума која „ѓаволите“ во моментов не се подготвени да ја платат.
Се очекува во следниот период да се интензивираат преговорите помеѓу двата клуба, и тогаш ќе биде јасно дали ќе може да се реализира една ваква зделка ова лето.
Спротивно на овие написи, одредени извори пак пишуваат дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати колку што треба, и подоцна да ги трпи финансиските последици.