309
Брајтон повлече храбар потег, го именуваше 31 годишниот Фабијан Хирцелер за нов тренер и испиша нова историја во Премиерлигата.
Популарните „галеби“ го одбраа наследникот на Роберто Де Зерби, челниците на клубот решија да повлечат храбар потег и да го ангажираат Фабијан Хирцелер.
Младиот стратег пристигнува од Сент Паули, каде минатата сезона стана шампион во „цвајта“ и обезбеди промоција во Бундеслигата.
Со 31 година, Фабијан Хирцелер ќе стане најмладиот тренер во историјата на Премиерлигата.
Тој исто така ќе биде помлад од шест фудбалери на Брајтон, Џејмс Милнер (38 години), Дени Велбек (33 години), Џејсон Стил (33 години), Луис Данк (32 години), Паскал Грос (32 години) и Џиел Велтман (32 години).