Бомба на Азар од Русија: По шест прекрасни години во Челси, време е за нова авантура, сите знаат каде сакам!

by
1 минути читање

Белгијанецот пред
почетокот на Светското првенство најавуваше дека ќе почека да види какви
промени ќе се случат во Челси и какви засилување ќе бидат донесени пред да
одлучи за следниот чекор. Откако денеска ја
заврши авантурата на мундијалот во Русија, Еден Азар навести заминување од
Стемфорд Бриџ.

„По шест
прекрасни години во Челси можеби е време за нова авантура“
– порача
репрезентативецот на „Ѓаволите“ од Санкт Петербург по триумфот над Англија во
мечот за бронза.

„Можам да одлучам
дали сакам да останам или да заминам, но Челси ја има финалната одлука, дали ќе
сакаат да ми дозволат да заминам“.

„Сите знаат која
е мојата дестинација од соништата“.

Еден Азар, кој е под договор со „Сините“ до 2020, никогаш
не криел дека сака да игра за Реал Мадрид каде до пред неколку месеци на
кормилото беше неговиот идол Зинедин Зидан. Но и без Французинот, Бернабеу
останува прв пик за Белгијанецот.

„Кралевите“ се во
потрага на замена за Кристијано Роналдо и Еден Азар е на листата со желби
заедно со Нејмар и Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани