Ливерпул со +3 на врвот на табелата ќе го проследи дербито помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити во понеделник. Избраниците на Клоп попладнево рутински со 4-1 триумфираа над Кардиф.
Резултатот го отвори Мохамед Салах во 10. минута од мечот. Откако гостинските дефанзивци блокираа неколку обиди, Египјанецот се најде на право место и ја затресе мрежата за 1-0. Ливерпул потоа имаше уште неколку добри прилики но за нов гол се чекаше до 66. минута кога Мане зголеми на 2-0. Десет минути подоцна Патерсон намали на 2-1 и најави интересена завршница, но „Црвените“ не дозволија изненадување.
Најпрво Шакири зголеми на 3-1 во 84. минута а потоа Мане 180 секунди подоцна ги постави конечните 4-1.
Фулам и покрај тоа што изминатово лето инвестираше над 100 милиони фунти во засилувања продолжува да бележи лоши резултати. Попладнево Борнмут славеше на „Кревин Котиџ“ со 0-3.
Со 3-0 и Ватфорд го победи Хадерсфилд, Брајтон со 1-0 го доби дуелот со Вулверхемптон, а на мечот Саутемптон-Њукасл немаше погодоци.