Бидете број 1 во
обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.
Австрија –
Германија: Повеќе од 2,5 погодока
Актуелниот
светски шампион го има првиот тест натпревар на подготовките за мундијалот во
Русија, Германија ќе ги одмери силите со соседот Австрија. По осум месеци
пауза, Мануел Нојер треба да застана помеѓу стативите и да докаже дека е
подготвен да биде голманот број 1 на „Панцирите“ на СП 2018. За средбата во
Клагенфурт, Јоаким Лев реши да ги одмори Матс Хумелс и Томас Милер, а нема да
ризикува ниту со Жером Боатенг, кој се опоравува од повреда. Тони Крос исто
така нема да биде во комбинација откако доби дополнителен одмор по финалето од
Лигата на шампионите. Малерозниот Марко Ројс, кој ги пропушти последните два
големи собери поради повреда, се очекува денеска да биде стартер и да покаже
што умее, а шанса од првата минута ќе добие и Озил, кој изминатиов период не
работеше со полна пареа поради повреда. Лерој Сане треба да го завземе
последното офанзивно место во средниот ред а Тимо Вернер да го предводи
нападот. Домаќините пак овој меч ќе го искористат за воигрување и започнување
нов циклус по разочарувачкиот настап во квалификациите за Светското првенство.
Новиот селектор Франко Фода на располагање има микс од стари и нови имиња за
трите пријателски овој месец и во составот има дури деветмина кои настапуваат во
Бундеслигата, помеѓу кои левиот бек на Баерн, Давид Алаба и капитенот Јулијан
Баумгартлингер (Баер Леверкузен). Откако Фода седна на кормилото, Австрија
забележа четири победи во серија и притоа прими само еден гол. Германија пак се
наоѓа во мала резултатска криза и нема победа на последните четири средби. Но и
покрај тоа „Панцирите“ влегуваат како големи фаворити во вој дуел. Кога се во
прашање меѓусебните дуели, Германија ги доби последните пет пресметки, а на
дури четири од овие имаше барем три погодока.
Англија –
Нигерија: Победа на домаќините
Во дуел на две
репрезентации кои ќе ги видиме во Русија, Англија ја пречекува Нигерија на
Вембли. За двајцата селектори ова ќе биде прв тест на подготовките за Светското
првенство. Се очекува Герет Саутгејт малку да експериментира за овој меч додека
пак Нигерија да настапи со најсилен состав и на теренот да истрчаат играчи како
Оби Микел, Вилфред Ндиди, Виктор Моузес, Алекс Ивоби и Келечи Ихеначо. Фил Џонс
нема да биде во комбинација за овој натпревар, дефанзивецот доби одмор бидејќи
во секој момент неговата сопруга треба да се породи. Исто така за овоој меч во
комбинација нема да бидат Хендерсон и Александар Арнолд, кои добија одмор по
настапот со Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите. Па шанса денеска како
десен бек најверојатно ќе добие Трипиер од Тотенхем, бидејќи се очекува Саутгејт
да го смести Вокер помеѓу тројцата дефанзивци во срцето на одбраната. Ешли Јанг,
кој речиси цела сезона покриваше во Манчестер јунајтед на левата бековска позиција,
најверојатно ќе добие иста улога и сега. Капитенот Кејн ќе го предводи форот, а
зад него во офанзивата ќе бидат Лингард, Стерлинг и Али. Селекторот на „Трите
Лава“ исто така треба да реши кој ќе биде неговиот прв голман, Батланд или Пикфорд.
Одбраната беше таа која изминатиов период ги носеше успесите, па цврстата игра
во дефанзива веројатно и вечерва ќе биде одлучувачка и покрај тоа што Кејн
имаше одлична сезона и постигна најмногу во својата кариера, 30 погодоци во
Премиерлигата, а и Стерлинг беше расположен за голови.
Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници
и во помали лиги.
Белгија –
Португалија: Двата тима постигнуваат погодок
Популарните
„Црвени ѓаволи“ одбраа силен противник за првиот тест и вечерва во Брисел ќе го
пречекаат актуелниот европски шампион. Португалија веќе има еден натпревар во
своите нозе на подготовките, избраниците на Сантош мораа да се задоволат со реми
од 2-2 против Тунис и покрај тоа што имаа водство од 2-0. За овој меч
Португалија одново нема да може да смета на својата прва ѕвезда, Кристијано
Роналдо. ЦР7 доби проодлжен одмор по настапот во Киев и се уште не тренира со
полн капацитет. Роберто Мартинес пак нема проблеми со повредите, но селекторот
на Белгија има неколку прашалници околу стартниот состав. Се уште не е јасно
кој ќе му биде партнер на Вертоген во срцето на одбраната. Компани и Алдервирелд
се опциите, и се чини дека фудбалерот на Манчестер Сити е поблиску до стартното
место бидејќи фудбалерот на Тотенхем оваа сезона не уживаше голема минутажа
поради недоразбирања со тренерот Покетино и управата. Секако нападот е
најсилното одружје на домаќините, Кевин Де Брујне и Еден Азар се рамо до рамо
со најдобрите, Мертенес игра во фантастична голгетерска форма во Наполи, а и
Ромелу Лукаку имаше солидна сезона во Манчестер јунајтед. Па домашниот терен и
отсуството на Кристијано Роналдо ја прави Белгија фаворит но и гостите имаат
свои адути со кои можат да го изненадат противникот. На последните две
пресметки на овие репрезентации се тресеа двете мрежи, па за очекување е нов
ваков меч.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.