BET-IBC совети за обложување: Неуморната Хрватска го сонува историското злато, Франција сака втора титула

by
4 минути читање

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.

Франција – Хрватска: Помалку од 2,5 погодока

По месец дена возбудувања во Русија, Светското првенство кулминира со финалната пресметка помеѓу Франција и Хрватска на Лужники во Москва. Дидје Дешам може да влезе во историјата како само третиот човек кој триумфирал на Светско првенство како играч и тренер по Марио Загало и Франц Бекенбауер. „Ватрените“ пак можат да испишат нова историја откако веќе го подобрија успехот на генерацијата од 1998 која заврши како бронзена. Доколку Хрватска го подигне трофејот, ќе биде само 9. земја која се радува на насловот светски шампион, и со популација од нешто над 4 милиони жители, ќе биде втората најмала држава со триумф од мундијалите. За овој меч, „Триколорите“ немаат проблеми со повреди, се е во ред со Блес Матуиди по сударот со Еден Азар, па за очекувње е да нема промени во старниот состав на Дешам. Далиќ на прес конференцијата пак истакна дека имаат неколку ситни повреди. Перишиќ е под знак прашалник, а од старниот состав веројатно ќе отпадне Стриниќ и на негово место шанса ќе добие Привариќ. Брозовиќ се очекува одново да биде стартер откако имаше одлична партија против Англија. Франција и Хрватска се имаат сретнато во пет наврати до сега, „Триколорите“ имаат три победи, додека пак два натпревари завршиле нерешено. Два од овие пет меча се на големите натпреварувања. Франција триумфираше со 2-1 над Хрватска во полуфиналето на СП 1998, а средбата на ЕВРО 2004 заврши 2-2. По триумфите над Аргентина, Уругвај и Белгија во нок-аут фазата, Франција влегува како фаворит на овој меч. Избраниците на Дидје Дешам само девет минути и 12 секунди беа во негатива на мундиајлот, додека пак Хрватска го бркаше водството на противникот на сите три меча во нок-аут фазата. Проблем за „Ватрените„ може да биде и тоа што одиграа 100 минути повеќе, а претрчаа и 117 километри повеќе од противникот. Но многумина очекуваа дека Хрватска ќе ја стигне заморот и против Англија, но „Трите Лава“ беа тие кои останаа без здив. Со оглед на тоа дека влогот е огромен, за очекување е малку попретпазлива игра од двете екипи, впрочем така беше и на последните три финалиња, кои заминаа во продолженија.

Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.

Атланта – Сиетл: Победа на домаќините

На Мерцедес Бенц Стадионот, Атланта го пречекува Сиетл. Популарните „Фајф страјпс“ се во одлична форма и по победата од 0-2 на гостувањето кај Филаделфија, не само што го имаат најдобриот рекорд на Истокот, туку и во целиот МЛС шампионат со 40 поени (12-4-4). Ситуацијата на Сиетл е сосема поразлична, „Саундерс“ со 16 поени се само на 10 позиција на Западот, а голем проблем им е слабата реализација и најмалиот број (15) на постигнат погодоци во целото првенство. За овој меч Сиетл би можел да има ново оружје во нападот, купен е голгетерот Раул Руидиаз и забрзано се работи на комплетирање на документацијата, односно визата, за вечерва тој да настапи. Исто така репрезентативецот на Шведска, Густав Свенсон се враќа во тимот по настапот на Светското првенство, а во комбинација е и Келвин Лирдам кој се опорави од повредата. Сепак за овој меч гостите се без искусниот Клинт Демпси и Роман Торес. Сиетл оваа сезона нема победа против екипи од топ 6 на табелата во двете конференции, но имаат три нерешени исходи, во последното коло против Њу Ингланд се избори за 0-0. За разлика од нападот, обраната на „Саундерс“ функционира добро, и доколку гостите сакаат позитивен резултат денеска, ќе треба да најдат начин како да го запрат Џозеф Мартинез, кој е прв стрелец во првенството со 18 погодоци. Но тој не е единствената опасност, Атланта негува прилично офанзивен фудбал и има постигнато 42 погодока, најмногу во цел МСЛ шампионат. Опасност доаѓа и од Мигел Алмирон, кој има 8 погодоци и 9 асистенции. Минатата сезона, Атланта пред своите фанови славеше со 4-2, па за очекување е уште еден ваков меч во кој домаќините ќе слават а публиката ќе може да види неколку погодока.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани