BET-IBC совети за обложување: Хрватска тестира со Бразил

by
3 минути читање

Дали барате место за да ставите облози на некој од подолу наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.

Бразил – Хрватска: Повеќе од 2,5 погодока

Најголемиот фаворит за триумф во Русија, Бразил попладнево силите ќе ги одмери со Хрваска. Двата учесника на Светското првенство ќе ги одмерат силите на Енфилд. И за „Кариоките“ и за „Коцкастите“ ова ќе биде прв натпревар на подготовките. Во пресрет на мечот сите сакаа да дознаат за ситуацијата на Нејмар, првата ѕвезда на Бразил се опоравува од незогдна повреда на стапалото. Тите соопшти добри вести за нацијата и најави дека напаѓачот ќе добие минутажа против Хрватска и ќе го видиме на теренот во вторите 45 минуту. Селекторот на Бразил исто така и најави со каков стартен состав ќе излезе на теренот. Алисон ќе биде на голот, Данило, Тиаго Силва, Миранда и Марсело во одбраната, Касемиро, Фернандињо и Паулињо во средниот ред и Кутињо, Вилиан и Жесус во нападот. Што се однесува до репрезентацијата на Хрватска, Далиќ има неколку прашалници за овој натпревар. Ракитиќ заработи ситна повреда на последниот тренинг, а стратегот е на ум дали од прва минута да им даде шанса на Модриќ, Коавчиќ и Ловрен кои беа дел од финалето во Лигата на шампионите. Бразил важи за фаворит но Хрватска има квалитет да го изненади противникот. Со оглед на тоа дека двете селекции располагаат со голем талент и квалитет во своите редови за очекување е љубителите на фудаблот да видат неколку голови.

За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на најдобриот софтвер за обложување.

Шпанија – Швајцарија: Повеќе од 2,5 погодока

Шпанија вечерва ќе ја нагоди Швајцарија во домот на Виљареал, Естадио де ла Серамика. Ова е првиот од двата меча кои овие две селекции ќе ги одиграат во рамките на подготовките за Светското првенство. Откако Лопетеги го превзеде кормилото на „Црвената фурија“, Шпанија не знае за пораз веќе 18 натпревари, и иако дуелот со Швајцарија е само тест на кој ќе се темпира формата за Русија, домаќините сигурно нема да сакаат сега да го искусат првиот пораз од 2016 па наваму. Но и гостите се во одлична серија, Швајцарија во квалификациите загуби само еднаш и тоа на гостувањето кај Португалија. За средбата во Виљареал, двајцата тренерси се очекува да направат доста измени. Лопетеги сигурно на клупа ќе ги остави фудбалерите на Реал Мадрид кои добија неколку дена екстра одмор по настапот во финалето од Лигата на шампионите. Карвахал е повреден, па тој сигурно нема да добие шанса а на негово место треба да настапи Одриозола. Во отсуство на Рамос, на тренинзите Азпиликета му беше партнер на Пике во одбраната. Што се однесува до Швајцарија, Гранит Џака ги исплаши сите откако го повреди коленото, но тестовите покажаа дека не се работи за ништо сериозно. Сепак фудбалерот на Арсенал сигурно ќе го прескокне овој натпревар. На последните пријателски натпревар кои беа одиграно во март, Шпанија ја декласираше Шпанија со 6-1, а Швајцарија со 6-0 ја совлада Панама. Тешко дека вечерва ќе паднат толку многу голови, но сигурно ќе барем три погодока. Имено, на осум од последните дест натпревари на „Црвената фурија“ имало барам три погодока.

Допрете го врвот и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани