Тренерското
столче во европскиот првак Реал Мадрид и натаму е интересна тема со која се
занимаваат голем број светски медиуми, многу имиња се споменуваа како идни
наследници на Хулен Лопетеги, но, барем засега се’ се сведува на шпекулации.
Една од опциите
за Реал Мадрид подолг период се споменува дека е Маурисио Покетино, но,
поранешниот напаѓач на Тотенхем, Димитар Бербатов, упати совети до
аргентинскиот стратег да остане во Лондон и да почне со нова ера на Премиерлигашот.
„Себично е да го
кажам ова, но, искрено се надевам дека Покетино нема да биде идниот тренер на
Реал Мадрид, како тренер тој направи неверојатна работа во Тотенхем, мислам
дека и клубот дава максимум од себе да покаже дека го цени неговиот придонес, се
надевам дека ќе го одбие Реал Мадрид и ќе почне со една нова ера во Тотенхем“ изјави
Бугаринот.
„Реал Мадрид е
Реал Мадрид, се обложувам во тоа дека многу тренери под будно око ја следат
ситуацијата со нивното тренерско столче, не знам кој ќе биде на крајот нивни
тренер, Солари има неколку натпревари за да докаже дека го заслужува тоа место,
но, неговата позиција не е гарантирана“ заклучи Бербатов.
Поранешниот
бугарски напаѓач одигра 70 натпревари во дресот на Тотенхем, а постигна 27
погодоци, по три сезони минати на тогашниот Вајт Харт Лејн, следеше трансфер
во Манчестер јунајтед каде настапуваше
четири сезони, од тој клуб си замина во 2012. година реализирајќи 108 настапи на
кои постигна 48 погодоци.